ИГОР КАРАНФИЛОВСКИ: Дипломата од УТМС ми помогна да ги разберам клучните принципи на менаџментот и да го започнам моето професионално патување

Каранфиловски: „Хотелскиот менаџмент е поле кое бара посветеност, комуникациски вештини и способност за управување со различни ситуации – токму предизвиците што сакав да ги совладам.“

Дипломата од УТМС му помогнала да ги разбере клучните принципи на менаџментот и да го започне своето професионално патување. По дипломирањето, Игор Каранфиловски се фокусирал на работа во хотелскиот сектор, која го одвела до позицијата на менаџер на предната канцеларија во „Хотел Мирор“ во 2021 година. Со напорна работа и посветеност, во последните две години ја извршува функцијата генерален менаџер.

Патувањата, современите туристички дестинации, хотелската работа, сето тоа е дел од причините да се студира на факултетот за Туризам. Што беше ваша мотивација?

Мојата страст кон патувањата, истражувањето нови култури и динамиката на хотелската индустрија беа главните причини поради кои го избрав овој факултет. Хотелскиот менаџмент е поле кое бара посветеност, комуникациски вештини и способност за управување со различни ситуации – токму предизвиците што сакав да ги совладам.

Колку сте задоволни од професорскиот кадар, наставата, условите за студентите?

Универзитетот нуди одличен баланс меѓу теоријата и практиката. Наставниот кадар беше составен од професионалци со реално искуство во индустријата, кои секогаш беа достапни за поддршка и за насоки. Дополнително, Универзитетот организираше многубројни настани во кои студентите активно учествуваа, што беше од голема корист.

Студирањето обезбедува теоретска основа, но битно е и богатото практично искуство преку различни проекти и практики во и надвор од Македонија што го обезбедува факултетот. Колку сте задоволни од стекнатото знаење и колку ви помогна тоа да напредувате во кариерата?

Факултетот ми даде солидна академска основа, но вистинското искуство го стекнав преку практична работа во Грција и во Шпанија, како и преку програмата Еразмус. Ова ми овозможи да запознам нови работни средини, да научам различни пристапи во угостителството и да изградам контакти што подоцна ми помогнаа во кариерата.

Која е најголемата лекција што ја научивте во текот на студирањето?

Научив дека успехот во туризмот и во хотелскиот менаџмент не доаѓа само од академското знаење – туку од практичното искуство, адаптибилноста и способноста за градење тимска култура.

Образованието и практичното искуство кое го стекнуваме за време на студиите се од клучно значење. Што Ви овозможи дипломата од овој факултет, кои видици и работни позиции Ви се отворија?

Дипломата од УТМС ми помогна да ги разберам клучните принципи на менаџментот и да го започнам моето професионално патување. Веднаш по дипломирањето, се фокусирав на работа во хотелскиот сектор, што ме доведе до позицијата на менаџер на предната канцеларија во „Хотел Мирор“ во 2021 година. Со напорна работа и посветеност, во последните две години ја извршувам функцијата генерален менаџер.

Каранфиловски: „Универзитетот нуди одличен баланс меѓу теоријата и практиката.“

Каранфиловски: „Универзитетот нуди одличен баланс меѓу теоријата и практиката.“

Хотелската работа е одлична можност да развиете вештини за управување и сервиси. Заемното дејствување со различни гости и организацијата на хотелските операции се голем предизвик и можност за личен и професионален развој. Беше ли тежок патот да се дојде до висока позиција на хотел кој ужива големо реноме?

Патот беше исполнет со предизвици, но секој чекор беше драгоцено искуство. Успехот во хотелскиот менаџмент бара стратегиско размислување, одлучност и континуирано учење. Секој ден носи нови ситуации што бараат брзи и ефективни решенија, но тоа е токму она што го прави ова поле толку динамично и интересно.

Како Ви е исполнет еден работен ден?

Како генерален менаџер, мојот ден започнува рано и е исполнет со координација на операции, состаноци со тимот, комуникација со гости и анализа на перформансите на хотелот. Секојдневно се трудам да ги подобрам услугата и искуството на гостите, но и да создадам мотивирачка работна средина за моите колеги. И покрај оваа динамика, секогаш наоѓам време за прошетки, патувања, вежбање и учење нови работи.

Кои се причините поради кои би ги упатиле  младите, да го изберат Универзитетот Скопје?

Универзитетот Скопје овозможува сеопфатно образование, практични искуства и можности за меѓународна размена. За оние што сакаат да градат кариера во туризмот и во хотелскиот менаџмент, ова е одлична стартна платформа што овозможува развој и напредок во професијата.

Image
Newsletter